-Во Битола долги години во Битола се одбележува Денот на руската дипломатија, во градот од каде што, како што тогаш во 2012 година, нагласи амбасадорот на Руската федерација, Олег Николаевиќ Шчербак, кој беше највозрасниот дипломат додека беше во Македонија, дека тогаш почна нивната дипломатска врска со Балканот, започна со сеќавањата за пред 10 години Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Секоја година амбасадорот на Руската федерација во рамките на одбележувањето на Денот на руската дипломатија и средбата со челниците на Битола, и се потенцираат исклучително
добрите односи на Битола и Руската Федерација и се полага цвеќе на споменикот на Рускиот крст во Битола, која се наоѓа во градскиот парк.
Се разговата за позитивните културни и стопански врски што ги имаат во Битола, показатели се неколкуте претпријатија кои имаат извоз во Руската Федерација, но и зацврстувањето на културните врски, кои се особено добри по отворањето на Почесниот конзулат во Битола и именувањето на почесен руски конзул во Битола.
Денот на руската дипломатија е празник кој е поврзан со датумот 10 февруари 1549 година, кога била формирана првата агенција за надворешна политика на императорска Русија наречена “Посолски приказ“ и кога на нејзиниот директор Иван Висковати му била доверена “амбасадорската работа“ во Македонија, односно во Битола. Од 1861 година првите пет конзули биле со воодушевување пречекани од македонското православно население во Битола.
Руските конзули сесрдно се залагале за интересите на локалното население пред османлиските власти. Особено е значајно влијанието на амбасадорот Александар Аркадиевиќ Ростковски, за време на Илинденското востание, кој, на 8 август 1903 година бил убиен од османлиската војска.

Деновиве пред 10 години: одбележан на Денот на руската дипломатија, убиството на Ростковски во 1903 (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










