Press "Enter" to skip to content

Дилер од село Трново за продажба на кокаин и лекови заработи 30 дена притвор

Триесет дневен притвор заработи жител на село Трново Битолско, поради продажба на кокаин и лекот „Омепразол“ на нарко зависници од Битола.

Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Битола осомничениот, во неговиот дом, неовластено, заради продажба, држел осум пластични паковки од лек „Омепразол”, како и вкупно 78 најлонски паковки со вкупна нето маса од 51,48 грама наркотична дрога кокаин, која ја нудел на продажба на лица нарко зависници од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »