По повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, Организацијата на жени на Општина Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола на 4 март ги доделија наградите за краток расказ на тема „Шамијата како обележје на македонската жена низ историјата“.
Тричлената комисија составена од м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски – претседател, Светлана Папачек – член и Илче Стојановски – член, Папачек на доделувањето на наградите рече:
-Секое време си носело норми на облекување и разни стилови. Но, што со шамијата кај жените? Веројатно и таа датира одамна. Гледано преку религијата, модата, уверувањата… направена од волна, свила, кашмир, се носела за добри и лоши моменти…“ извадок од говорот на Светлана Папачек.
Од 28 пристигнати кратки раскази, едногласно ги доделија следниве награди:
Категорија ученици: прво место – Анастасија Малевска од Стуга, второ место – Михаела Марковска од Мусинци и трето место – Офелија Настеска од Прилеп.
Категорија возрасни: прво место – Сабахета Ета Мерсими од Житоше, второ место – Емилија Каранфилоска од Охрид, трето место – Весна Шереметкоска од Прилеп.
Сите наградени ученици покрај наградите од Здружението на жени, добија и парична награда од Општина Битола.











