Првата половина на годинашиот март ќе ја паметиме по потпросечните температури за овој месец, но и по голем број на денови во кои врнеше снег, но само по ден-два сонце се враќаме на убавите мартовски денови, но со “сонце со заби“, попладнево и до силен ветер.
Но, и во вакви временски услови, убавата розева боја на расцутените бадени, ја има на ридовите над “Бадем Балари“ и над Смилевски Баир, по што и овој дел на Битола го добил името, и над “Смилевски Баир“, како и над Кркардаш и “Св. Архангел Михаил“ е првиот показател дека за некој ден и календарски ќе бидеме во пролет.
Иако сликата над Битола надополнета со снег кој го има под дрвјата и во осојните места, е неповторлива за овој период од годината, за средината на март.
Малку потоплото време кое ја затопли Битола после последните снежни врнежи кои ги имавме оваа зима, а ќе ги имаме според прогнозите и деновиве, со повисоки температури на ридот над спроти сонце, придонесе да расцветаат бадемите.
Но, за жал попладнево, кога и се направени фотографиите, само немолкумуна битолчани, кои можат да се избројат на прсти од една рака, уживаа во прекрасниот поглед на Битола, и во убавите цветни аражмани од розевите цветови и зимзелените дрва.
Тие кои беа таму, само констаираа, а Никола рече:
-Бадемите расцутеа после студот и снегот, на некој ден пред Кркардаш, а утре-задутре ќе бидат најубави. Добро е што снегот е во почетокот на месецот, кога нема многу цут по дрвјата, не само кај бадемите туку и кај останатите, а ако нема поголем студ во април, да ги “пресече“ цветовите, ќе јадема овошје, ако не ништо од тоа.
Ние сме малкумина кои редовно шетаме горе над Кркардаш, а ридот кој цел ден со сонце е најубавиот дел од градот за рекреација. Уште се луѓето “уплашени“ од студот, но за некој ден ќе се зголеми бројот и ќе пешачиме повеќе, да уживаме на сонцето а тоа е лек, тоа е витамин “де“, а Ице додаде:
-Е, да му беше оваа убавина во Швајцарија или Словенија, тука ќе вриеше од луѓе, а не вака, некогаш да ти е страв да поминеш“ посебно пред зајдисонце, како денес. Гледате дека сме пет мина на цел рид од Бадем Балари до Раштани, а не пропушти да прокоментира и за машините и луѓето кои чистеа:
-Ова што чистат долу е супер, но не знам дали ќе трае десет дена, да се видиме и да провериме заедно.
С.Ристевски

После ден-два сонце во март, расцутеа бадемите над Битола, над Бадем Балари и над Смилевски баир (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 23 степени
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија










