Press "Enter" to skip to content

Клиничка болница ги тужи “Градски паркинзи“ за неодржување, а дворот ќе го асфалтира Општината

Во името на менаџерскиот тим на Клиничката болница од Битола, раководен од директорот д-р Зоран Лазаров, портпаролот на болницата Сузана Коневска, испрати соопштение со кои се информира јавноста, пред се пациентите на болницата, околу паркинзите во кругот на болницата и наплатата за користење на паркинзите.

-Имено на 01.01.2015 година склучен е договор помеѓу Клиничка болница, застапувана од тогашниот директор д-р Василе Најдовски и “Градски паркинзи“, застапувани од управителот Благој Крстевски, а во 2017 година договорот е обновен до 31.12.2019 година. Тука сме немоќни за негово раскинување. Заради неисполнување и нереализирање на одредбите според догoворотт, како на пример дека “Градски паркинзи“ се должни да се грижат за одржување на пристапните патеки до паркинг местата, а во интерес на пациентите Клиничката болница поведе судски спор.

Во исчекување на истиот со помош на Општина Битола и ангажираноста на градоначалничката Наташа Петровска да помогне добивме ветување дека ќе се санира целиот двор веднаш штом “Македонија пат“ отпочне со сезоната на асфалтирање, според нивниот план во летниот период.

Се надевеме дека пацинетите за многу брзо време ќе го видат новиот сјај на дворот на Клиничка болница, а исто така и судскиот спор ќе се реши во нивни интерес, се вели во соопшението од Клиничка болница – Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »