Синоќа заврши Научна конференција “Заштита на неборците, од Македонскиот фронт од Првата светска војна до денес“ која се одржа во хотелот “Епинал“ во Битола и беше дел од обележувањето на стогодишнината од Македонскиот фронт во Првата светска војна.
На вториот, и последен ден од конференцијата во претпалдневнат сесија модератор беше Жан-Пјер Верне, историчар, а се зборуваше на темите: „Воениот затвореник“, Жан Кристоф Буисон, историчар, новинар во „Фигаро“, „Жртвите на Источниот фронт во грчката воена литература“, Жорж Фрерис, професор на Универзитетот Аристотел во Солун, „Во потрага по гробот на Жозеф Гонде, борец на Македонскиот фронт. Колективни сеќавања на исчезнатите.“, Стефани Трујар, новинар во „Франс 24“, Предавање на Далибор Јовановски, шеф на Институтот за
историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Модератор на попладневната сесија беше Горан Илиќ, декан на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола, кој го поздрави сите гости на конференцијат и рече дека му е мило што на оваа значајна конференција ја претставува Битола, која е најбомбардиран град во Првата ссветска војна и која е збратимена толкму со град во Франција Епинал, по што е именуван и хотелот во кој се одржуваа оваа конференција.
На сесија се зборуваќе на темите: „Заштита на бегалците, од Првата светска војна до денес“ – Катрин-Амели Шасен, професор на Универзот во Каен – Нормандија, “Како да се спречи употребата на хемиското оружје, од Битола до Сирија“ – Себастијен Ботро-Бонтер, аташе за научна и техничка соработка во Амбасадата на Франција во Скопје, “Третманот на воените заробеници“ – Јоанис Панусис, декан на Правниот факултет на Католичкиот универзитет во Лил, “Меѓународното право и активностите на македонската војска“ – Весна Попоска, истражувач на Воената академија на РМ „Генерал Михајло Апостолски“.

Потоа беа сумирани заклучоците од конфернцијата на потполковник Жером де Леспиноа, доктор по историски науки и истражувач на Институтот за стратешки истражувања во Високата Воена Школа на Франција.
Синоќа се одржа концерт на групата „Фолтин“, во организација на француската алијанса во Битола организира концерт на кој беа изведени познати француски шансони во модерен и оригинален аранжман и песни од нивните албуми.
Денес за учесниците на конференцијата се одржи посета на историските локалитети на Македонскиот фронт низ Битола и Мариово.






