Press "Enter" to skip to content

Еден Македонец и двајца Французи пеш по линијата на Македонскиот фронт од Битола до Солун

Линијата на Македонскиот фронт кој бил затворен во 1918 година и е долга 240 километри во наредните десетина денови ќе биде предизвик за еден Македонец и двајца Французи да ја поминат пеш, а ќе им помагаат како во тогашните времиња една маска и еден коњ.

Сер работи за француско-македонска експедиција во која се наоѓаат францускиот дипломат и писател Емануел Рембер, новинарот и историчар Емануел Ешт и планинарскиот водич Петар Нолев од Битола.

Ттројцата ќе се ободат за 12 дена движејќи се претежно низ високи планински предели, со надморска височина над 2.000 метри да поминат 240 километри, а од Битола сакаат да стигнат до Солун, притоа одмарјќи и спиејќи на терен во вреќи и шатори, а за да ја доловат автентичната атмосфера.

Тие за време на патешествието ќе се хранат како пред сто години, со храна која е подготвена традиционално на овие простори.

-Идејата е да им оддадам почит на една голема историја, да направиме една приказна, да го пројдеме патот како нив одејќи од Битола до Солун, одејќи по нивните траги и рововите од Првата светска војна, а доаѓа од поштенските картички каде се гледа како војниците одат пеш заедно со мазги и си замислив дека тоа е можно да се оствари, рече Еманул Рембер, кое и писател и сака да ги поврзе историјата и книжевноста.

Емануел Ешт веднаш ја прифатил идејата и во дневник ќе ги опишат најсилните мигови, доживувањата, и историските случки, и ќе направат една приказна, која што во иднина ќе биде предмет на една книга.

More from ВестиMore posts in Вести »