По 12 одиграни меѓународни натпревари, 10 во “Д“ групата и еден во четвртфиналето, Еурофарм Пелистер вечерва го заврши својот настап во Европската лига. Вечерва во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ ракометарите го одиграа шестиот натпревар, но за жал го загубија од екипата на Нексе од Хрватска.
Натпревар кој ќе остане во ракометната историја на Битола, но ќе остане и во сеќавањето на сите битолчани кои по пандемијата по две години ги наполнија трибините во салата, а секако со тоа следуваше и одличната ракометна атмосфера.
А на трибините обединета Битола, спортисти, политичари, бизнисмени, девојки, жени, “Чкембари“, кошаркари, угостители, од “Ушици“, “Карпош“, Баиро, Нова Битола, полни трибина за полна ракометна душа.
Иако на крај се радуваа гостите кои го прославија пласманот во четврт финалето, а битолската публика со аплауза го испрати Хрватите од салата.
Она што е карактеристично за битолската публика е тоа што по завршувањето остануваат во салата, а овој пат по завршувањето имаше скандирање за Пелистер, навивачите ја испеаја “Ако одам во Битола“, падна некоја солза за поразот…
Но, на крај битолчани од ракометарите побараа титула, а на одлувачкиот натпревар против Вардар веќе најавија невидена атмосфера, која долго ќе се памети, а ќе се слави и титулата која по 16 години се очекува во Битола.

Одлична ракометна атмосфера за крај на европските настапи на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










