Ова музичко-сценско дело изведено од Националната опера и балет нè однесе на едно космополитско патување, задржувајќи го вниманието на публиката од првата до последната сцена.Госпоѓиците од Авињон во претставата ги отелотворија, со извонредната балетска игра, Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија. Олга Панго, која е кореограф и режисер на претставата, со асистентите Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев вклопени во приказната, но и играта на светлото за кое беше задолжен Милчо Александров, костимите на Раде Василев и шминкaта на Златица Поповска, ни овозможија неверојатна балетска магија. Моќната музика за балетот е компонирана од Калиопи Букле.
За атрактивноста на оваа балетска приказна зборуваат и позитивните реакции на присутната публика на премиерната изведба, која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, и особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената.

Балетот “Госпоѓиците од Авињон“ синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на сликарот Зоран Таневски во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“