СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито“, од програмата “Еразмус+“, “Клучна акција 2: Стратешки партнерства“ го реализира проектот “Интердисиплинарна соработка помеѓу европските партнери за зголемување на успехот на учениците“ со две партнерски училишта од Шпанија – Гренада и Франција – островот Реунион каде неодамна 18 ученици и два професори учествуваа на мобилноста на островот Реунион.

-За време на престојот македонските ученици заедно со своите врсници од партнеските училишта секојдневно имаа наставно образовна активност во училиштето, секоја земја преставуваше свои празници, ние за Велигден, а учениците бојадисуваа јајца и ги запознаа присутните со обичаиите за празникот, соработуваа во релизација на активноста “Недела на јазиците“ каде им ја преставија македонската азбука преку читање и пишување, создадоа изложба преку цртежи и традфиционални танци ја преставија архитектурата и културното наследство на Македонија и на нашиот град Битола. Исто така им презентираа неколку традиционални македонски јадења, вели Жанета Наумовска и додава:

-Посетивме и неколку храмови, католичка црква во неколку градови на островот, живеалиштето на првиот робовладател на островот, куќата на кокосите, посетата на вулканот Piton de la Fournaise кој имаше ерупција при нашата посета, музејот и 4Д кино проекција за вулканот, посета на планината Le Maïdo која е под заштита на УНЕСКО и секако секојдневното капење во Индискиот океан на најубавите плажи на островот, вели Жанета Наумовска.

Како домаќин гимназијата по десетти пат ја организираше традиционалната игра “ Pétanque“, а секоја екипа беше составена од по еден учесник од Македонија, Шпанија и Франција.

Преку овој проект учениците го збогатија својот вокабулар преку употребата на францускиот јазик.

Средношколци од Горната Гимназија реализираа проект на островот Реунион, Франција (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: започна изградбата на пругата Битола – Меџитлија, сега изградена, за жал не е во функција (фото)





