Press "Enter" to skip to content

Градоначалничката бара планинарскиот клуб Пелистер да го отстапи домот “Копанки“ на Општината за да го возобнови

Градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска денес упати писмо до претседателот на планинарскиот спотски клуб Пелистер, опожарениот планинарски дом да им го отстапи на општина Битола, за да може општината да го возобнови.

Со оглед на тоа што темата планинартски дом Копанки по опожувањето е доста експлоатирана битолчани со нетрпение ќе го очекуваат одговорот на ПСК Пелистер до градоначалничката.

Инаку, со писмото упатено до ПСК Пелистер се вели:

До претседателот на ПСК Пелистер

Почитувани,

Согласно јавно декларираната желба на жителите на Општина Битола, локалната власт е поготвена да изврши целосна реконтрукција на опожарениот планинарски дом Копанки, меѓутоа вои истото сме спречени заради приватниот сопственички статус на планинарскиот дом.

Имајќи ги во предвид нашите претходни средби и разговори, а со цел конечно да го возобновиме функционирањето на објектот, Ве повикуваме да го отстапите на општината, под за Вас прифатливи услови како би можела Општината целосно финансиски да го реализираме проект.

Да потсетиме планинарскиот дом игоре во 2013 година.