Press "Enter" to skip to content

Европски пари од 200 до 400 илјади евра за националниот парк Пелистер, промоција утре

Утре во просториите на инфо-центарот на националниот парк Пелистер ќе се промовираат осумте добитници на големи грантови од Европската унија во висина од 200 до 400 илјади евра, а меѓу нив е и националниот парк “Пелистер“ – Битола.

На промоцијата на грантовите ќе биде присутен и евро амбасадорот Самуел Жбогар, министерот за животна средина и просторно планирање во владата на РМ – Садула Дураку и постојаниот претставника на УНДП во Македонија – Луиза Винтон.

Грантот кој го добива НП “Пелистер“ е од програмата финансирана од Европската унија за подобрување на управувањето со заштитени подрачја, а утре, како и останатите добитници на грантови, се очекува директорот на НП “Пелистер“ и неговите соработници да го промовираат и да кажат за што ќе биде наменет, односно како се вели во поканата за утрешната промоција, да соопштат како ќе ги зајакнат своите капацитети.