Press "Enter" to skip to content

Липдуб филмот на ОУ „Св Кирил и Методиј“ на фестивал за едукативни филмови “Креф 2018“ (видео линк)

Деновиве Липдуб филмот на ОУ „Св Кирил и Методиј“ на You tube и официјално влезе во конкуренција да се натпреварува на меѓународниот фестивал за едукативни филмови „Креф 2018“ и има голем број на прегледи и позитивни реакции, a

На фестивалот “Креф“ се натпреваруваат наставници и ученици во различни категории. Наградите кои се добиваат се нарекуваат и “оскари“ во ваков вид на училишни кратки филмови и секако даваат поттик за поголемо учество и изразување на уште поголема креативност во едукативниот и воспитно образовниот процес.

„Нашиот липдуп филм за училишна клима со главното мото „Низ историјата со традицијата ние гордо чекориме кон иднината“ предизвика позитивни реакции и емоции, со тоа всушност сме ја постигнале целта и сме ја пренеле нашата порака. Идеја на филмот беше да низ еден краток времеплов на креативен начин ја опишеме историјата и традицијата која ја има нашето училиште како едно од најстарите училишта ни објасни авторот Жанета Ристевска и продолжи:

-Ученици на креативен начин ги претставија сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј нивните ученици и првото писмо на почетокот на филмот како увод. Потоа тука е нашата традиција со тапан, оро и талентирани ученички играат, а со нив и убавата Ѓурѓа како што оди песната “Ја излези Ѓурѓо“ во позадина. Пионерите го доловија периодот на социјализмот весело мавтајќи со знаменца, а потоа се “преселивме“ во современото време на технологија со компјутери, смарт табли. Зависноста од мобилни телефони и поинаква комуникација меѓу денешните генерации е прикажано на интересен, но реален начин, а нашите спортисти на крајот формираат срце со кое ја пренесуваме пораката дека со развивање на здрав спортски дух, љубов, почитување, другарство и позитивна енергија “ние гордо ќе чекориме кон иднината“. Сето ова се надополнува со звуците на песните “Ја излези Ѓурѓо“- Некст Тајм и “Македонија“од групата “Меморија“ која е позадина и учесниците ја пеат и танцуваат.

-Се надевам дека ја доловивме училишната клима и училиштето со наставничкиот кадар, ученици и друг персонал на креативен начин и при се прикажани просториите и кабинетите, изјави в.д. директорот Душко Костовски очигледно задоволен од успешно реализираниот филм.

-Низ филмот креативно се претставуваат и нашите таленти во музика, танци, глума, спорт. Потоа нашите наставници и ученици солидно се подготвија за да ја прикажат идејата на филмот. Ни кажаа тимот на соработници во филмот, а тие се наставниците Ѓорѓи Јуруков – историја, Мелина Христова одделенска настава, Катерина Пејовска – музичко образование и Џими Геровски – физичко образование.

Погледнете го спотот на линкот и секако со повеќе посети ќе се шири позитивниот глас за нашите училишта и тоа ќе биде поттик и за многу други да развиваат креативност и позитивен дух.

More from БитолаMore posts in Битола »