Press "Enter" to skip to content

Од утре Широк Сокав навечер ќе биде пешачка зона, ќе се поставуваат синџирите

Од утре главната улица “Широк Сокак“ во вечерните часови ќе биде пешачка зона, а сите битолчани и нивни гости ќе можат да ја прошетаат улицата без да размислуваат за автомобилите, на кои ќе им биде забрането да ја “сечат“ улицата пред хотелот “Епинал“.

Заради новиот режим на сообраќај општина Битола испрати известување со одлуката.

Одлука за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќај во централното градско подрачје (Службен гласник на Општина Битола бр. 7/99).

Заради отпочнување спороведување за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќај во централното градско подрачје, Ве известуваме дека во недела 10 јуни од терминот од 19,00 до 24,00 часот за забранува сообраќајот со поставување на физички препреки на спојот на улиците “Димитар Илиевски Мурато“ и улицата “Широк Сокак“ со што се обезбедува безбеден пешачки сообраќај.

За нејзина успешна реализација неопходна е Ваша активна вклученост,

пишува во соопштението на Општина Битола, одделение за комунални дејности и уредување на градежно земјиште.

Инаку, физичките препреки ќе бидат поставени до 10 сепрември 2018 година.