Во библиотеката “Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа предавање на тема “Раното откривање спасува животи“. Предавањето го одржа Александар Димовски, лекар, специјалист по радиодијагностика вработен во Клиничката болница во Битола, го организираа организираа Библиотеката, “Сумнал“ и Ротари клуб “Широк Сокак Битола“. Доктор Димовски зборуваше за ракот на дојката, неговите причинители, симптоми, но најважно за превентивните мерки и скринингот, како што е мамографијата. Тој силно укажа на важноста од рано откривање на ракот на дојката за неговото лекување и поголеми шанси за преживување.
Предавањето е дел од „Неделата на женското здравје”.

Предавање на тема “Раното откривање спасува животи“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер