Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, денес потпишаа декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. Имајќи ја предвид улогата на жената во современите економски процеси, со декларацијата Општина Битола, во понатамошниот период ќе се залага за поддршка и промоција на женското претприемништво, како и создавање на поволно деловно опкружување и обезбедување поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на жените, со што ќе се придонесе кон развојот на постојните и креирање на нови претпријатија, на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.
Декларацијата, која е дел од Националната платформа за женско претприемништво меѓудругото предвидува и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации со цел креирање политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и формирање на локални клубови за женско претприемништво, како и промовирање на квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и активно промовирање на позитивните примери за овозможување родова еднаквост.

Илиевска и Коњановски потпишаа декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво
More from ВестиMore posts in Вести »
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- Прва победа во новата сезона на Пелистер Волеј, на промоцијата во Битола победен Фат Фан (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер како на тренинг, го победи Младост во Битола (фотогалерија)
- Пелистер победи на гостувањето во Новаци
- Утре КК Пелистер повторно е домаќин во Битола, утре го пречекува Скопје 2023





