Ноќесла или утрово е опожарен културниот клуб “Ванчо Михајлов“ во Битола кој се наоѓа на улицата “Рузвелтова“ во Битола.
Утрово на самото место се врши увид на опожарениот објект и на лице место се наоѓаат екипи на полиција кои го обезбедуваат местото, а тука дојдоа и ракаводителите на клубот.
Инаку, клубот е отворен на 16 април оваа година.