Денес во Офицерскиот дом во Битола во организациа на Комисијата за меѓународна соработка и Евроинтеграци при Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола, организира панел дискусија на тема “Патот на Македонија кон Европската унија, предизвици и недостатоци“.
Панел гости кои зборуваа пред рисутните беа Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Трајков стратешки соработник за меѓународна соработка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а медијатор беше Никола Блајбершник.
На дискусијата беа присутни пратеничките од Битола, Олга Лозановска и Силвана Ангелевски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Пеце Милевски, градоначалникот Тони Кољановски, советници, членови на телата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, членови на партијата…
Пред почетокот на дискусијата Алекдандар Николовски изјави:
-За жал Македонија стои во место. Причините се најмалце две, една секако е ветото кое што Бугарија го става на европските интеграции на Македонија и повикувам од Битола Бугарија да собере храброст и сили и на следниот самит кој што ќе се одржи за неколку недели во Луксембург да го тргне тоа фамозно вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ и Македонија да почне преговори со ЕУ, затоа што тоа пред се го заслужуваат гражните на Македонија, и додаде:
-Јасни се барањата на европските институции пред се во делот на владеењето на правото, понатака во борбата со организираниот криминал и корупцијата, и во реформите кои што или не се случуваат или назадуваат, сведоци сме сите на состојбата во државата и тука нема ниедно друго решение освен промена на Владата и брзи и предвремени парламентарни избори.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола со панел дискусија “Патот на Македонија кон Европската унија, предизвици и недостатоци“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори
- Лекарите Бојаџиев и Вуковиќ – Велјановска од Битола на првиот стручен симпозиум за спортска медицина (фото)
- Во Битола променливо облачно со повреден дожд, температурата до 17 степени
- Пелистер после пресврт и подобра завршница го победи Скопје во Битола (фотогалерија)





