Националната Установа Завод и музеј Битола, гостуваше во Европската престолнина на културата 2022, Нови Сад, во Музејот на Војводина, со тактилна изложба и обука за пристапност на музеите.
Изложбата „Допир на уметноста“, која беше отворена на 3 јуни во присуство на голем број гости, ја сочинуваат 20 панели со тактилни слики и опис на брајово писмо, со мотиви од предмети од постојаната поставка и архитектура.
Во рамките на проектот се одржа обука за музејски работници од неколку музеи од Војводина, на тема „Пристапни музеи“ од страна на колеги од Балканот со големо искуство. (м-р Јове Парговски од НУ Завод и музеј Битола, мсц Милена Милошевиќ Мициќ од Србија, м-р Аида Шарац Бербиќ од Босна и Херцеговина, м-р Жељка Сушиќ од Хрватска) Раководител на проектот е д-р Ирена Ружин.
Проектот е финансиран од Министерството за култура во рамките на годишната програма од национален интерес, а Завод и Музеј од Битола упатува голема благодарност до домаќините од Музеј на Војводина и присутните на обуката и отворањето на изложбата за укажаната чест, интерес и гостопримство.

Завод и Музеј од Битола со тактилна изложба и обука за пристапност на музеите во Нови Сад
More from ВестиMore posts in Вести »
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори
- Лекарите Бојаџиев и Вуковиќ – Велјановска од Битола на првиот стручен симпозиум за спортска медицина (фото)
- Во Битола променливо облачно со повреден дожд, температурата до 17 степени
- Пелистер после пресврт и подобра завршница го победи Скопје во Битола (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола









