Press "Enter" to skip to content

И трет по ред пораз на Пелистер

Стадион “Железарница“ во Скопје

Гlедачи: 300

Судија: Јосип Бартон од Скопје

Помошници: Саше Тошевски  и Фатон Мустаи од Скопје, и Горан  Манасиев  од Велес.

Жолти картни: Пецов, Ужевски, Јаневски кај Скопје, Петровски, Марковски кај Пелистер

Црвен картон; Ковачев од Пелистер

Стрелец: Десниќ во 35 минута

Скопје: Пецов, Ужевски, Јаневски, Десниќ, Ѓурчиновски, Димитровски, Мишевски, Да Круз, Велкоски, Џугурдиќ, Кандикјан,

Пелистер: Петровски, Ковачев, Маркоски, Драгарски, Илиев, Љамчевски, Лукас, Пеев, Серафимов, Попзлатанов, Трифуновски

Екипата на Пелистер по двата порази и по промената на тренерската позиција продолжува со порази. Во Скопје во рамките на 13 коло од Првата фудбалска лига е поразена од“ “фенерџијата“ на табелата екипата на Скопје, минимално со 1-0.

“Заменскиот“ тренер на Пелистер, Спасе Ристевски, уште на стартот на натпреварот мораше да ја менува поставената тактика по црвениот картон и исклучувањето на капитенот Мартин Ковачев во 9 минута. Ристевски на теренот во “Железарница“ излезе со промена во составот, а ги немаше голманот Јовановски и напаѓачот Илијовски.

Во 35. Минута центаршут упати Јаневски, а на одбиената топка налета Десниќ и со волеј удар го совлада голманот на Пелистер, Петровски, и постигна гол за победа. “Пелистерци“ се обидоа преку прекини да постигнат израмнувачки гол, но во тоа неуспеаја.

По 13 кола екипата на Пелистер останува на осмото место на табелата со 12 бода, колку има Победа на деветтото, а Скопје е последно пласирана екипа, но сега по победата, има 9 бода.

More from СпортMore posts in Спорт »