Press "Enter" to skip to content

Прва “европска“ победа на Еурофарм Работник

Еурофарм Работник – Гаунас 28:24 (12:8)

Екипата на Еурофарм Работник денес во спортската сала Младост“ во Битола, забележа два историски настани во својата клубска историја.

Првиот е дека на 18 ноември 2017 година Еурофарм Работник го одигра првиот меѓународен натпревар, во третото коло од Челинџ купот, а вториот, е дека ќе остане запишано дека ја забележаа и првата меѓународна победа, над екипата на литванскиот Гранитас, 28:24, полувреме 12:8.

Првиот дел од првото полувреме помина во “традиционалното“ измерување на снагите, а се играше гол за гол. Екипата на Еурофарм Работник ја пробија психичката бариера, дури во втората половина на првото полувреме и резултатски се одлепија, а на полувреме заминаа со +4 гола разлика.

“Фармацевтите“ во 36. минута поведоа со највисоки +6, а по “фластер одбраната“ над Дрогришки и Литванците по 10 минути игра, во 40 минута, намалија на 15:12.

Во наредните 10 минути по одличните одбрани на Филип Ивановски и головите  Ојлески и Мојсоски, Еурофарм Работник имаше 6 гола разлика, 22:16. Потоа следуваше изедначена игра, 5 гола разлика во 55 минута, за на крај да примат гол и гостите да заминат на реваншот со 4 гола предност, 28:24, кои дали ќе бодат доволни за пласман во 4 коло од Челинџ купот ке видиме по седум дена на реваншот.

Во екипата на Еурофарм Работник најефикасни беа Ојлески со 8 и Мојсоски со 6 гола, а Древникос блесна со 8 гола кај Литванците.

Реваншот ќе се игра идната сабота во Литванија.

More from СпортMore posts in Спорт »