Press "Enter" to skip to content

Пелистер +3 за Купот, наместо во Прилеп, ќе брани под Тумбекафе

Теренот “Могила“ во Прилеп по обилните врнежи кои ја зафатија Пелагонија во изминатиот период е под вода, па затоа реванш средбата од фудбалскиот куп, наместо на овој терен ќе се игра под Тумбефе.

Утре во 13 часот на градскиот стадион во Битола ќе се одигра реванш средбата од фудбалскиот куп помеѓу екипите на Победа и Пелистер, во која Пелистер ќе брани 3 гола разлика, по победата од 5:2 во првиот натпревар.

“Пелистерци“ влегуваат со гомема преднос,но тренерот Спасе Ристевски, повикува да се игра со трезни глави и ништо да не се остави на случајноста.

-Имаме три гола предност, но моите совети кон фудбалерите и поставеност на играта ќе бидат како да почнуваме од 0:0. Се надевам дека ќе успееме и дека на крај сите ќе се радуваме и ќе презимиме во Купот, вели кратко, тренерот на Пелистер, Спасе Ристевски.

Ристевски за промената на стадионот на кој ќе се игра реваншот вели:

-Во секој случај ќе бидеме поодморени, бидејќи нема да патуваме иако Прилеп е блиску. Ќе имаме заеднички ручек, малку пауза па влегуваме на стадион. А што се однесува пак до тоакој ќе бидат првите единаесетмина, ќе им кажам на фудбалерите утре пред средбата. Никој не се жали на повреда и сите сакаат да дадат придонес во пласманот во полуфиналето, кое ни треба по се што се случува во првенството.

По непланираното реми во неделата фудбалерите не се многу расположени за разговор. Се осмели Иве Тифуновски кој вели:

-Да бидем искрени не сме многу за да кажуваме, но тоа е спорт се случува. Што се однесува до Купот имаме предност, мора да ја ефектуираме и да обезбедиме пласман понатаму, а истото ќе го сака и Победа. Мора да го “слушаме“ тренерот, да тргнеме од стартот, не да ја браниме предноста, бидејќи видовме дека и 2:0 во неделата не беа доволни за три бода, туку да играме како да е прв натпревар. Само така ќе поминеме понатаму.

На слично мислење и Петар Љамчевски кој го дополнува Трифуновски:

-Ќе биде тежок натпревар и покрај високата предност, знаеме сите и затоа нема да има опуштање во ниту еден момент. Сакаме да одиме во полуфинале, како мотив плус за наредната полусезона. Имаме максимален респект за противникот, сепак ова е пелагониско дерби без оглед на првиот натпревар. Желни сме за победа и покрај лошите резултати во последно време и сакаме да ја вратиме самодовербта за последното коло, па тоа да се надеваме напролет да гледаме многу посилен и поорганизиран Пелистер.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »