Press "Enter" to skip to content

Грчки репрезентативец ги мотивираше членовите на ФК Топ гол (фотогалерија)

Екипата на ФК Топ Гол продолжува со изненадувања за своите членови, во женска и машка категорија, но и за нивните родители. Покрај другите содржини надвор од теренот, во средата вечер имаа посебна мотивациска средба. На средбата со младите фудбалери и нивните родители се појави бившиот фудбалски репрезентативец на Грција, Илиас Солакис.

На непосредната средба во која ја немаше јазичната бариера, младите не само што ја ислушаа неговата спортска приказна, туку и самите му поставуваа прашања врзани за неа, но и за неговиот приватен живот.

Солакис им раскажа за своите почетоци, за неговата фудбалска кариера, за тоа кој му бил најтежок противник на теренот, но и за неговите психолошки бариери,посебно кога настапувал пред 65.000 гледачи на трибините.

Од друга страна децата се интересираа за кои клубови играл, како се хранел, како ја потрошил првата плата, како му било да игра против поранешните колеги, каков автомобил купил од првата плата и многу други прашања, на кои Солакис со многу внимание им одговараше.

За оваа необична и корисно мотивирачка средба, тренерот на Топ гол, Кире Грбевски рече:

-На вечерашниот тренинг наместо игра со топка и други задачи, имавме голема чест и задоволство да ни биди гостин еден од најдобрите грчки фудбалери Илијас Солакис, кој само со 17 години за прв пат настапи за сениорската екипа на Вериа. Во својата богата фудбалска кариера има настапувано за Alpha Ethniki, Apoel, Panachaiki, AEK Athens, Panionius, Doxa Drama, Kastoria, PAS Giannina, Olimpiakos Volou, Asteras Tripoli, Makedonikos Foufa и последно настапува за PAS Florina. Негов најзначаен успех е шампионската титула со АПОЕЛ каде на 26 натпревари постигна 15 голови. Играл на позиција напаќач и во својата кариера има псотигнато над 200 голови.

-Нашиот гостин во една пријатна атмосфера несебично одговараше на сите прашања поставени од нашите членови, родители и новинари. Неговите совети и препораки во голема мера ќе ни користат во нашата идна работа. Ова е од голема корист за сите нас, и патот на успехот на Илиас Сокакис  да ни биди мотив за во иднина. Топ гол продолжува со ваквата практика и ве покануваме на следната наша средба, рече Симе Бендевски, најзаслужен за тоа што Солакис, помина два часа со младите фудбалери и фудбалерки на Топ гол.

С.Р.

 

More from СпортMore posts in Спорт »