Press "Enter" to skip to content

Лесна победа на ракометарите на Еурофарм Работник против Радовиш

Еурофарм Работник – Радовиш 34:18 (21:10)

Првиот натпревар од саботните ракометни првенствени пресметки во салата “Младост“ во Битола, помина во знак на ракометарите на Еурофарм Работник, кои ја победија екипата на Радовиш мошне лесно и убедливо во висок резултат, 34:18, полувреме 21:10.

Со оваа победа ракометарите на Еурофарм Работник докажаа дека се во победничка серија и дека двете победи во Челинџ купот биле сосема заслужени.

Иако љубителите на ракометот во Битола очекуваа поголем отпор на екипата на Радовиш, тоа не се случи ниту во првите миниту од натпреварот. По првиот дел од првото полувреме беше 6:1, а по средината на првиот дел разликата десет гола 13:3, а полувремето заврши со 21:10.

Во вториот дел тренерот на Еурофарм Работник им даде шанса на сите ракометари,но екипата на Радовиш не успеа да се врати во игра по резултатскиот шок во првиот дел.

Покрај одличните одбрани на разбранетите голмани на Еурофарм Работник, најефикасни во победничкиот тим беа Дрогришки и Ојлески со по 7 гола и Мојсовски со 5 гола.

More from СпортMore posts in Спорт »