Press "Enter" to skip to content

Победа на Топ гол во фуриозна завршница со голови во 89 и 90 минута

Топ гол – Кочани 3:2 (1:2)

Стадион “Павел Шатев“ во Битола

Судија: Беса Леши од Струга

Помошници: Љумтурие Асани и Бетиме Адеми од Струга

Стрелци на головите:

Ристевска во 23 и Гелевска во 89 и 90 минута за Топ гол

Ѓорѓиева во 4 и 8 минута за Кочани.

Топ гол:

Колевска,Крбалевска,Нешковска,Т. Јанкоска, Ристевска,Петровска Т., Ѓорѓиоска, Гелевска,  Јанковска Т., Гоцевска (Миленкова, Стојчевска и Митаноска).

Кочани:

Костова, Горгиева, Ангелова, Василева, Тодоровска, Ѓорѓиева, Атанасовска,Николова, Чакаловска, Петровиќ, Игнатовска (Стојчева и Манчева)

Фудбалерките на двете екипи натпреварот од 10 коло од женската прва фудбалска лига ќе паметат долго време. Прво по тоа што играа на силен дожд кој вчера околу 12-13 часот врнеше и само беше прашање на момент кога средбата ќе биде прекината од страна делегатот и судиите.

Но, повеќе ќе го паметат и по тоа како резултатски се одвиваше натпреварот.

Најпрво гостите им направија шок на домашната екипа на Топ гол по водството од 2:0 само за осум минути со головите на Гелевска, а никој не се надеваше дека со -2 гола по силен дожд ќе се вратат во игра младите битолчанки.

По овој шок на почетокот следуваше поголем шок на крајот на средбата. По иницијативата која ја имаа домаќинките во вториот дел никако на успеваа да изедначат. Но добрата игра и желбата за гол им се исполни во 89 и 90 минута, кога тие успеаја да ги шокираат гостинките со головите на Габи Гелевска.

-Им беше тешко на девојките да играат по силен дожд, а кога примивме два рани гола до 8 минута, можете да замислите како ни беше на сите нас, а посебно на девојките кои беа на терен. Но, издржаа храбро и во ниту еден момент не изгубија верба дека можат да постигнат гол за изедначување, а потоа и за водство. Им честитам на девојките за тоа дека се вратија во игра по -2, а потоа победија, а за тоа што играа по силен дожд, на кој и далеку физички поподготвени екипи би потклекнале нема зборови како да го наградам нивното залагање, рече Кире Грбевски, тренер на Топ Гол.

More from СпортMore posts in Спорт »