Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник покрај домашните натпревари мисли и на Челинџ купот

Иако до 17 или 18 февруари кога треба да се одигра првиот натпревар од осмина финалето од Челинџ купот има доста време, а и се уште не се завршени натпреварите од Супер лигата, сепак ракометарите на Еурофарм Работник, размислуваа за важниот двомеч од нивното прво излегување на европска сцена и прибираат информации за норвешкиот лигаш, екипата на Филинген.

Голманот на екипата на Еурофарм Работник, Филип Ивановски, за тоа какви информации имаат за противникот вели:

-Екипата на Филинген е непозната за нас и ние допрва ќе треба да гледаме нивни натревари и да ги анализираме. Од она што имаме, а имаме сега малку информации, се работи за доста квалитетна екипа која игра брз и динамичен ракомет. Постигнуваат многу голови, а тоа се виде и во претходното коло во Челинџ купот, со екипата на босанскиот лигаш Вогошча. Што се однесува на нивните настапи во норвешкото првенство, моментно се наоѓаат на седмото место на табелата. Според се она што го прави нивниот ракометен рејтинг, секако дека ќе имаат фаворитска улога во двомечот против нас, и додава:

-Нам сега ни останува максимално да се фокусираме на преостанатите два натпревари од домашното првенство, а потоа полека да почнеме да се подготвуваме за она што ни следува, а ќе биде следен предизвик за нас. Стручниот штаб и ракометарите ќе ги направат потребните анализи, и ќе се подготви тактиката за двомечот со екипата на Филинген, а ние би сакале, исто како и во Литванија да се радуваме на пласман во четвртфиналето од Челинџ купот.

More from СпортMore posts in Спорт »