Press "Enter" to skip to content

Лукас се пазареше со Шкендија, замина во Тирана, Пелистер во тешка ситуација

Како и што најави така и направи. Бразилецот Лукас замина од Пелистер и сега е фудбалер на албанскиот прволигаш Партизан од Тирана, Албанија.

Лукас, иако имаше проговори со екипата на Шкендија од Тетово, сепак во последен монент се премисли и својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во Албанија.

Никој од екипата на Шкендија, денес не излезе со изјава како пропаднале преговорите со Лукас, што беше најавен како прво зисмко засилување на тетовскиот прволигаш со големи амбиции.

Дали поради кризата во која се наоѓа битолски Пелистер, Лукас замина од Битола, или пак поради напредок во кариерата, тој не го соопшти.

Лукас во Пелистер го оправда епитетот засилување,  беше најдобриот фудбалер во клубот, а беше и  прв голгетер на „зелено-белите“ сезонава, со 8 гола, по 4 во лигата и во Купот на Македонија.

Сега иако неофицијално покрај тројцата фудбалери кои заминаа од Пелистер, фудбалерите велат, дека ако најдат ангажнам сите се подготвени да заминат. Сите, како велат, оваа зимска пауза ќе ја искористат за барање на нов клуб.

Сега како стојат работите, едно е сигурно, без најава за останување во клубот на сегашните акционери, без најава за нови спонзори, со лоши резултати оваа полусезона, црно му се пишува на Пелистер.

Големата неизвесност кај фудбалерите и навивачите на Пелистер никој не ја прекинува, а сите чекаат што понатаму со клубот.

Само најголемите оптимисти се надеваат дека е можна консолидација на Пелистер и дека нема да се повтори неколкупати повторуваната ситуација, да се бара некој “да влезе“ колку да опстани клубот.

More from СпортMore posts in Спорт »