Press "Enter" to skip to content

Вести од Македонската заедница во Сиднеј, Австралија (фото)

Неколку новини од Македонската заедница во Сиднеј, Австралија, која деновиве беше во некоја раздвиженост, активности и подготовки за новиот свештеник во црквата “Св. Петка“ во Рокдаел.

Новиот свештеник, Владо Недевски, во петокот на 15 декември заедно со Архимандритот Гаврил имаа средба со управата на МПЦО “Св. Петка“ во Рокдаел, при што се договорија за понатамошната заедничка ангажираност, како би се вратило името и авторитетот на нашата цркваи македонската заедница на овие простори, каде ни беа и сеуште ни се прават со судски рочишта кои се уште ги води владиката Петар.

 

Новодојдениот свештеник се заблагоради на управата за дочекот кој му бил приреден и сместувањето кое го има.

Вчера, недела, 17 декември и на 19 декември за големиот верскипразник, Свети Никола, ноивиот парохиски свештеник, отец Владо, заедно со Анхимандритот Гаврил ќе ја отслужи првата литургија во Австралија.

Кире Циревски

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »