Press "Enter" to skip to content

Советниците од опозицијата во Советот ја напуштија денешната седница

Советниците од опозицијата во Советот на општина Битола ја напуштија денешната седница на Советот, во знак на протест против притворите на лица за настаните на 27. април во Собранието на Македонија и во знак на нивна поддршка го развиорија Македонското знаме пред говорницата во Советот на Битола, пренесе Тера.

-Во знак на поддршка на уставобранотелите и револт кон политичкиот реваншизам кој го спроведува власта, ние советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ја напуштивме денешната седница на Советот на Општина Битола! Да живее Македонија, рече координаторот насоветничката група на опозицијата, Борче Димитровски.

Инаку, на дневен ред на петтата седница на Советот на општина Битола беше одлука за определување на надомест на трошоците за избори на учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот, односно кандидат за Градоначалник на Општината Битола на локалните избори октомври 2017 година.

More from ВестиMore posts in Вести »