Press "Enter" to skip to content

Битолчанката Гордана Цветковска Бошевска со личната приказна ги мотивираше спопјанки

Во Францускиот институт во Скопје, во рамките на проектот “Жени лидери во спортската индустрија“, се одржа панел-дискусијата со три говорнички, проминентни и докажани спортистки кои се наоѓаат на лидерски позиции во спортскиот сектор.

Покрај, Гордана Нацева-ракомет и Моника Гаврилоска-кошарка на панел-дискусијата зборуваше и нашата сограѓанка, Гордана Цветковска-Бошевска, која постигна одлични успеси во кик-боксот.

Трите македонски спортистки низ своите инспиративни лични приказни за големите постигнати резултати во текот на нивната професионална кариера ги запозна присутните, и се обидоа да ги мотивираат сите присутни во Франсцускиот институт, а низ дискусијата ги изнесоја причините зошто не гледаме поголем број на жени на највисоките позиции во спортските институции и федерации и совети како да се надмине овој проблем. 

-Оваа панел-дискусија е дел проектот “Жени лидери со спортската индустрија“, во кој сум вклучена и јас. Се обидуваме да ги мотивираме сите млади спортисти од државата, без разлика дали се женски или машки, да истраат во напорите и да стигнат до целта која самите си ја поставиле без разлика во кој спорт се натпреваруваат. Се надевам дека мојата, а и личните приказни на останатите говорнички, се и ќе бидат причина повеќе младите спортисти да тргнат по нашиот пат, кој ветува само работа и посветеност на спортот со многу откажувања, за на крај да се стигне до целта, ни рече Гордана Цветковска Бошевска.

На панел-дискусијата беше нагласена значајноста од зголемување на бројот на жени на раководни функции и вклучување на жените во процесите на донесување на одлуки, со цел да се унапреди родовата рамноправност во спортот.

Овој настан е во рамките на проектот “Жени лидери во спортската индустрија“, кој е имплементиран на национално ниво од граѓанската организација “ТАКТ“, а е поддржан од Француската амбасада во Македонија.

More from СпортMore posts in Спорт »