Press "Enter" to skip to content

Совети за јакнење за емоционална интелегенција

Интелегенцијата е ментална карактеристика која се состои од повеќе способности за учење, потоа искуството, прилагодено на нови искуства. Се дефинира и како способност за  брзо снаоѓање во нови и непознати ситуаџии.  Интелегенцијата е генетски предодредена и се наследува. Овој т.н. коефициент на интелегенција може да се измери на одредена скала на интелегенција.  

Но, психолозите увиделе дека и високиот коефициент на интелегенција нема влијание за успех во животот. Заради тоа пред дваесетина години е воведен  нов поим, емоционална интелегенција, која влијае на успехот и постигнувањата во животот. Се  дефинирале како способност на изразување и контролирање на сопствените емоции како и разбирање, толкување и реагирање на туѓите емоции.

Замислите си свет во кој не би можеле да препознаете  кога вашиот пријател е тажен, или некој колега на работа е лут. Во такви ситуации во кои исправно би ги разбирале и правилно би реагирале  на туѓите емоции, сигурно е многу значајно. Од тука може да се види колку е значајна и емоционалната интелегенција која за разлика од конитивната која е наследена и константана со мали отстапувања во животот, емоционалната интелегенција  можеме да ја развиваме и со тоа станеме многу позадоволни со себе и постигнувањата.

За да можеме да работиме на себе и на јакнење на емоционалната интелегенција ние мора да знаеме што таа вклучува и на што се однесува.

Важни компоненти на Емоционалната интелегенција се:

-Познавање на сопствените емоции;

-Контрола на интензитетот на емоциите;

-Мотивирање на самиот себеси;

-Препознавање на емоциите кај другите луѓе (емпатија)

-Воспоставување и одржување на здрави односи со другите луѓе.

Емоционалната интелегенција можеме да ја јакнеме ако ги знаеме и станеме свесни како да ги развиеме  способноста на разбирање на нашите и туѓи емоции во овие четири подрачја:

-Перцепција на емоциите – прв чекор за да ги разбереме емоциите е правилно да ги перцепиораме. Во многу случаи тука се вклупуваат невербалните сигнали, како што е говор на телото и изразите на лицето.

-Способност на разумно користење на емоциите – емоцоиите мошат да ни помогнат за да обрнеме внимание на приоритети и начин како би реагирале на нив.

-Разбирање на емоциите – емоциите кои ги набљудуваме кај другите луѓе може да имаат многу широка палета на значење. На пример, ако некој колега изразува бес, тој бес може да прозлегува од незадоволството од вашата работа, но и можеби заради тоа што пред да дојде на работа му се случило нешто заради кое тој покажува таква емоција. Заради тоа разбирањето на емоциите е многу значајно за да управуваме со нив.

Управување со емоциите – управувањето со емоциите е клучен дел на емоционалната интелегенција. Регулирањето на емоциите и реагирање на правилен и адекватен начин на туѓите емоции е многу значаен аспект на емоционално ангажирање во сопствената емоционална интелегенција од која зависи нашиот успех како на работа така и во приватниот живот.

Личностите со висока емоционална интелегенција обично знаат многу добро да управуваат со своите емоции, јасно и правилно зборуваат за нив и добро ги образложуваат. Заради тоа нив не може да ги надвладеат негативните емоции на бес, гнев, тага, вина… бидејќи тие се во состојба  да ги препознаат причините за истите, да ги  објаснат и да ги искористат за позитивно делување.

Ж. Ристевска