Press "Enter" to skip to content

Олимписка обука за луѓето кои ги водат спортските клубови и спортските работници (фотогалерија)

Македонскиот олимписки комитет, денес во салата на Советот на Општина Битола, одржува еднодневна обука за сите членови на управните одноби на спортските клубови, спортската администрација, спортските новинари и спортските работиници од Битола.

Уводно излагање одржа генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет д-р Сашо Поповски, кој ги поздрави учесниците во обуката и ја објасни важноста на обуката за сите кои се вклучени во водењето на спортските клубови.

На обуката присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола, која се заблагодари на МОК за можноста спортските работници да присутвуваат на оваа важна, за нив обука.

-Би сакала не како денес да расправаме за проблемите во клубовите и начините како да тие да ги надминеме, туку сакаме во ваков состав каде ги гледам најповиканите за спортот во градот да славиме успеси на спортистите и секако големи спортски победи на битолските клубови, рече градоначалничката м-р Наташа Петровска, кога додаде дека Општина Битола секогаш ќе го подржува спортот во Битола.

Нејголем дел од обуката ја одржува членот на Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Даневски, кој на градоначалничката и кажа како поранешна пинпонгарка дека МОК обезбеди маси за играње на пинг-понг и додаде:

-Сум го водел КК Работнички шест години, Македонската кошаркаска федерација 10 години, а сега сум член на УО на МОК. Ги знам грешките кои сум ги направил во текот на моето управување, па затоа сакам јас и МОК да ви помогнеме и вие да не ги правите истите грешки. Сакам обуката да биде двонасочна, а дел од вашите забелешки ќе разгедаме и јас како советник на премиерот за спорт, оние кои ќе бидат за добро на спортот ќе ги ставам на расправа за новиот Закон за спорт, кој сега се подготвува.

На обуката беа претставници на сите поголеми клубови од Битола, машкиот и женскиот ракомет, машкиот и женскиот фудбал, кошарката, Оштинскиот фудбалски сојуз, спортските новинари и сите актуелни членови на Управните одбори кои се назначени од Општина Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »