Попладнево со просториите на Советот на општина Битола се одржа конститутивната седница на бордот на директори на кошаркарскиот клуб Пелистер. На седницата за нов претседател е избран Игор Мицевски.
Претходно на седница на Собранието на КК Пелистер, на кое присуствуваа престедателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски и советникот Борчле Корлевски, како претставници на акционерите, Општина Битола беа разрешени членовите на претходниот борд на директори, а собранието донесе одлука за нови членови.
Нови членови на управата на Пелистер се:
-Јован Христовски,
-Александар Касапов,
-Игор Мицевски,
-Сашко Наумов, и
-Методи Силјановски
По конституирањето на бордот на директори, за претседател е избран Игор Мицевски.
Мицевски по едногласниот избор рече:
-Сакам прво да му се заблагодарам на членовите од Одборот на директори за довербата која ми е дадена, а веднаш ќе кажам дека нема да ја изневерам. Сакам да кажам дека кошарката ќе ја водат луѓе од кошарката. Во новата управа ќе бидат вклучени и двајца членови од женската кошарка, а ќе има место и за претставници на спонзорите. Што се однсува до прашањето за опстанокот на кошарката, оваа сезона сигурно ќе го обезбедиме, а за идната сезона ќе имаме нови планови. Сакам да кажам дека посебно ќе се работи и со младите категории кои се иднината на битилската кошарка, рече Игор Мицевски, по изборот за претседател.
За генерален директор на КК Пелистер е избран, Јован Христовски, поранешен кошаркар на Пелистер.
По завршувањето на сите административни работи за новата пререгистрација на АД КК Пелистер во Централниот регистар е закажана и првата седница на бордот на директори.
С. Ристевски