Press "Enter" to skip to content

Кико на Божик на мото-патеката кај Братиндол ја запроси Викторија, а таа кажа ДА

На големиот верски празник, Христовото раѓање, Божик, многумина битолчани кои биле во врска се одлучија да го продолжат својот заеднички живот.

Низ социјалните мрежи видовме десетина запросувања, а секое за себе имаше оригиналност. Некој за запроси својата девојка за сопруга во Охрид, некој на врвот Пелистер, некој со скриен свршенички прстен во божикен подарок, некој во кафеана, некој сосема во интимна атмосфера…

Но, во оваа прилика вреди да се спомене запросувањето на нашиот сограѓаник, Христиан Илиовски – Кико, најадобриот мото-крос возач од Битола, кое се случи вчера на ден Божик.

Кико, својата девојка Викторија, ја изненади со свршеничкиот прстен и ја запроси за сопруга на мото-патеката кај Братиндол, каде “одработуваше“ тренинг.

-Не можев да најдам друго место за да му кажам на мојата девојка дека сакам да се омажи за мене, освен патеката за мото-крос натпревари кај Братиндол. На оваа патека, сум пораснат, тука имам “остаено“ кожа, коски, здравје, тука сум свој на свое. Инаку, со Викторија сум заедно година и пол, а секако, таа кажа ДА на мојата понуда и понатаму да бидеме заедно, ни рече Кико.

Нам не ни останува ништо друго освен да им ги честитаме Божикните празници, на Кико именденот и да имаат среќен заеднички живот.

More from СпортMore posts in Спорт »