Press "Enter" to skip to content

Женската фудбалска екипа на Топ гол ги започна подготовките (фотогалерија)

Сениорската женска екипа на Топ гол вчера официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од оваа натпреварувачка сезона. На првата прозивка на шефот на стручниот штаб Кире Грбевски се појавија 18 фудбалерки, а во наредните денови се треба да се приклучат уште неколку фудбалерки од младинскиот погон.

По краткиот состанок и презентирање на планот за работа екипата го одработи и првиот тренинг.

-Денес официјално го означивме и стартот на сезоната, на првата прозивка се појавија сите фудбалерки кои ги повикав, а во следниот период ќе приклучиме и неколку фудбалерки од младинскиот погон. На заедничкиот состанок со играчите и стручниот штаб им го презентирав планот за работа и јасно ги поставив целите кои треба да ги исполниме во продолжението на првенството. Што се однесува до подготовките тие ќе се одвиваат во неколку фази, ако изнајдиме доволно средства можно е да се припремаме во некој спортски центар во државата, а веќе се договорени и 5 контролни натпревари. Во зависност од временските услови дел од тренинзите ќе бидат во спортска сала, а паралелно ќе се користи и фитнес центар. Во согласност со раководниот тим во преговори сме за доведување на квалитетно засилување, рече шефот на стручниот штаб, Кире Грбевски.

На првиот тренинг фудбалерките тренираа со нова опрема која е дополнителен мотив за работа и докажување.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »