Press "Enter" to skip to content

Никола Талевски – Јапан го освои највисокиот Балкански врв, Мусала 2.925 м.н.в.

Битолчанецот, Никола Талевски –Јапан  го искачи највисокиот планински врв на Балканот, врвот Мусала кој е висок 2.925 метри надморска височина и се наоѓа на планината Рила во соседна Бугарија и да стане дел од поголемиот број битолчани кои го имаат освоено овој врв.Според зборовите на Талевски, тие рано утрото се упатиле кон врвот, а биле десетина планинари, Македонци и Бугари.-Тргнавме десетина планинари, но поради многу лошите временски услови македонскиот дел од екипата се откажа, и јас продолжив со Бугарите. По лошо време проследно со силен ветар и врнежи од снег,  со многу потешкотии се искачивме на врвот Мусала, 2.925 м.н.в., ни рече Јапано по вибер комуникација, и не ја пропушти можноста со развејување македонско знаме, како страствен навивач, да ја искаже и поддршката на македонските ракометари на денешниот натпревар против Шпанија во Вараждин.

More from СпортMore posts in Спорт »