Денешниот отворен ден за средби на градоначалничката м-р Наташа Петровска, со граѓаните на Општина Битола, посебно го одбележа средбата со претставници на женскиот ракометен клуб Пелистер 2012, на која се разговараше за перспективите на женскиот ракомет во градот.
На состанокот со претставниците на клубот, беше договорено, општината и понатаму во рамките на своите можности, да го поддржува развојот на женскиот ракомет во Битола.
ЖРК Пелистер по завршувањето на есенскиот дел на Супер женската лига се наоѓа на второто место на табелата, зад екипата на Вардар, со обезбеден излез на меѓународна сцена идната сезона.
Ракометарките на градоначалничката и подарија дрес од ЖРК Пелистер 2012 кој го носи нејзиното име и бројот 18, притоа преку овој број симболизирајќи го датумот на нејзиното раѓање, а со тоа и големото значење на нејзината поддршка за напредокот на женскиот ракометот во општината.
И денешниот петок, како ден на средби на градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска со граѓаните од општината, беше исполнет со многубројни разговори за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. Се разговараше и за повеќе предлози од граѓаните, се доставуваа, идеи и сугестии, а се бараше и одговор на повеќе поставени прашања.






