Press "Enter" to skip to content

Младинците на РК Пелистер одиграа пријателски меѓународен натрпевар

Пелистер – Филипос 34:33 (родени 2002/3)

Викендов младинската екипа на ракометниот клуб Пелистер одигра пријателски меѓународен натпревар против екипата на Филипос од Верија, Грција.

За овој натпревар тренерите на Пелистер, Александар Зарков и Михајло Силјанов велат:

-Во оваа фаза на подготовки кога се подготвуваме за продолжување на младинската лига предвидено беше и одигрување на неколку контролни средби. Викендов на наша радост, а се надевам и на гостите од Верија одигравме контролен натпревар, во кој победивме минимално со еден гол разлика. Ваквите средби придонесуваат младите категории, овој пат ракометари родени 2002/3 година, да видат до каде се со квалитетот со другите екипи од соседството и да знаеме во која насока да ги насочиме тренинзите за да имаме напредок во работата.

More from СпортMore posts in Спорт »