Press "Enter" to skip to content

Победа домаќин на Пелистер во Турново на стартот на пролетниот дел

Продолженито на Првата лига продолжува во ист стил како и во есенскиот дел. Неколку екипи, а меѓу нив и Победа од Прилеп поради реконструкција на теренот натпреварите ќе ги игра на друг стадион.

Иако Победа го има пријавено теренот во Битола како домашен терен, тоа нема да биде така и на стартот на оваа полусезона.

Победа на 14 февруари во првото коло од Првата лига ќе биде домаќин на Пелистер, но на стадионот “Кукуш“ во Турново, иако до денес натпреварот требаше да се игра на теренот на ФФМ во “Куќата на фудбалот“.

Ова е најверојатно поради тоа што првиот натпревар помеѓу Пелистер и Победа ќе биде значаен и во борбата за опстанок на двете екипи и секој бод е важен.

Од Пелистер немаат никаков коментар за тоа каде Победа го закажа натпреварот. Тренерот Мане Секуловски вели дека нема што да се коментира на одлуката на Победа и додава дека тоа е нивни избор и тука немаме право на забелешки.

Најверојатно по првото коло останатите натпревари како домаќин ќе ги игра во Битола на теренот “Под Тумбекафе“.

More from СпортMore posts in Спорт »