Press "Enter" to skip to content

Гоце Чакаревски, заменик министер за здравство: најдоцна за два месеци зрачна терапија во Битола

Во работна посета на Клиничката болница во Битола, денес беше заменикот министер за здравство, д-р Гоце Чакаревски.

Заменик министерот, Чакаровски  рече дека целта на Министерството за здравство е да го стави во функција акцелераторот за зрачна терапија, а за месец до два пациентите од канцер, ќе добиваат зрачна терапија.

-Ги исконтактиравме сите изведувачи и оние кои ја набавија опремата, се работи со одредена динамика и се надевам дека во следните месеци ќе бидеме сите присутни на официјално пуштање во употреба на акцелераторот со што пациентите по оваа здравствена услуга не ќе мора да патуваат во Скопје, рече Чакаровски, и додаде дека недoразбирања меѓу добавувачите и изведувачите на опремата се надминати и во тек е монтирањето. 

-Ќе се провери секој детаљ и се надеваме дела за месец до два ќе ја имаме оваа здравствена услуга, конкретен беше Чакаровски. 

Претходно Чакаревски заедно со директорот на Клиничка болница д-р Зоран Лазаров извршија обиколка на болницата, а потоа имаа работна средба и со раководниот тим на болницата.

More from ВестиMore posts in Вести »