Press "Enter" to skip to content

Пелистер со младинки, кадетки и пионерки против освојувачот на Купот во кошарка

Македонската кошаркарска федерација во спортската сала „Јасмин“ ќе го организира празникот на спортот со портокаловата топка – кошаркарскиот Куп. Викендов од 16. до 18. февруари, Кавадарци ќе биде центар на кошаркарските збиднувања поврзани со македонскиот кошаркарски куп во машка и женска конкуренција.

Битола ќе има свој претставник на оваа Куп завршница, а тоа ќе биде женската кошаркарска екипа на Пелистер. Во женската Куп конкуренција ќе разигруваат четирите прворангирани екипи по истиот систем,  а победниците од двете средби ќе се борат во финалето за големиот пехар на КФМ.

Бадел 1862 во првото полуфинале ќе се надигрува со Струга 2009 додека во второто полуфинале ќе се пресметаат Вардар и Пелистер за место во финалето.

-За нас ќе биде исто како и минатогодишната куп завршница, а и сега ќе настапијме со убедливо најмлад состав. Во тимот ќе имаме само три младинки, две кадетки и останатите се пионерки, а мислам дека сме помлади од ланската генерација. Наш противник е минатогодишниот освојувач на Купот, екипата на Вардар, а овој натпревар ќе биде само уште еден од низата, каде што немаме што да бараме резултатски, туку ќе одиме само да бериме потребно искуство, што на овие млади битолски кошаркарки и те како им треба, вели тренерот на Пелистер, Горјан Стојановски.

Полуфиналето од женскиот Куп започнува сабота на 17. февруари, а еве ја и сатницата за двете полуфинални средби:

Бадел 1862 – Струга 2009 (12:00)

Вардар – Пелистер (14:30)

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »