Филинген Берген – Еурофарм Работник 36-28 (15-16)
Спортска сала во Фининген
Судии: Вадимс Јаскинс и Едуардс Забко (Летонија)
Делегат: Беат Нагел (Швајцарија)
Филинген Берген: Јуричиќ, Хвидсен 7, Матиќ 8, Берге 1,Стенквист 2, Лунде 2, Хелдал 2, С. Мосестад, Епланд 4, Вардал 1, Гјестад 1, Ф. Мосестад 2, Феркинштад 1, Јоханeсен 4, Сеиме 2
Еурофарм Работник: Ивановски, Умовиц, Ојлески 6, Трајковски 1, Петровски, Пецаковски, Талевски, Чурлевски 1, Мојсоски 4, Мемиќ, Кукоски, Крстевски 7, Дрогришки 1, Граџан 5, Петровски 3
Со два порази во осминафиналето на Челинџ Купот, Еурофарм Работник е елиминиран од европските купови од норвешкиот Филинген Берген.
Еурофарм Работник добро почна на гостувањето и поведе со 3:0 во четвртата минута, а имаше 5:2 во 9. Минута. Со добра игра стигна до пет гола разлика, а на крајот по грешките кои ги направија битолчани, му дозволија на домаќините на одмор да заминат со пристојна негатива од само минус еден гол, 16:15 за Работник Еурофарм.
Следување почетон на вториот дел и силна серија на Филингер Бергер која имаше 11:3, за потоа домаќините одиграа рутински и не дозволија да има изненадување.
Поучени од овие четири европски натпревар, ракометарите на Еурофарм Работник веруваат дека ќе се вратат посилни во Европа следната година.