Press "Enter" to skip to content

ЖФК Топ гол ќе се збратимува со ЖФК Метропол од Анкара

Деновиве во завршна фаза се преговорите околу збратимувањето на битолскиот женски фудбалски клуб Топ гол со женскиот фудбалски клуб Меропол од Анкара, Турција.

Претставникот на ЖФК Топ гол, Мартин Николовски деновиве имаше средба во клубските простории на ЖДФ Метропол во Анкара со тренерот Осман Атеш.На средба беше договорено потпишување на договор за збратимување помеѓу двата клуба, како и одржување на пријателски натпревари во Македонија и Турција.

Покрај тоа, ќе се реализираат и размена на фудбалерки помеѓу двата клубови, како и учество на летни кампови за фудбалерките на ЖФК Топ гол и ЖФК Метропол.