Press "Enter" to skip to content

Со атрактивен плакат одбојкарките на Пелистер Волеј го најавуваат утрешното пред-коло на 1/4 финалето од Купот

Одбојкарките на Пелистер Волеј утре официјално го започнуваат пролетниот дел од оваа сезона со одигрувањето на пред-колото на 1/4 финалето од КУП на Македонија.

Противник на Пелистер Волеј е екипата на Македонија Макс од Струмица, која Пелистер ја совлада во есенскиот дел на гости со максимални 3:0.

Се игра само еден натпревар, а Пелистер како подобро пласиран има предност на домашен терен.Со минување на екипата на Македонија Макс, на 28 февруари, повторно во Битола, битолската екипа ќе го одигра првиот 1/4 Финален КУП натпревар, кога Пелистер Волеј ќе има атрактивен противник од првиот шешир во кој ќе се најдат екипите пласирани од 1 до 4 место од есенскиот дел на табелата. Можни противници се: Универзитет, Јанта Волеј, Куманово и Планет.

За утрешната куп средба од одбојкарскиот клуб Пелистер упатуваат покана до битолските љубители на овој спорт да дојдат во салата на средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“. Натпреварот ќе започне во 19,30 часот, а управата на клубот заедно со одбојкарките за стартот на пролетниот дел изработија и атрактивен и модерен плакат,кој веќе е споделен по социјалните мрежи.

Ова треба да биди само еден тренинг натпревар за нашата екипа и ќе послужи за бројни комбинаторики во пресрет на првото пролетно коло, кое започнува в сабота на 24 февруари кога Пелистер игра против ОК Планет од Скопје.

More from СпортMore posts in Спорт »