Press "Enter" to skip to content

Во пријателски натпревар ракометарите на Пелистер лесно го совладаа Охрид (фото)

Пелистер –Охрид 31:24

Екипата на Пелистер полека ја завршува последната фаза од подготовките за продолжението на Супер ракометната лига каде битолчани го бранат лидерското место, а тоа одигрувањето на контролни пријателски средби.

Последен од низата контролни средби се одигра синоќа во салата “Младост“ каде противник на Пелистер и беше екипата на Охрид. Во овој натпревар тренерот на Пелистер, Борче Марковски, им даде шанса на сите ракометари кои ги има во овој момент на располагање, бидејќи неколкумина се повредени и се надеваат дека ќе бидат подготвени за продолженито на Супер лигата.Екипата на Пелистер посебно добро играше во вториот дел на натпреварот, кога добрите одбрани на голманите, беа надополнети со брзи контра напади и ефектовни голови.

Пролетниот дел на Супер лигата продолжува на 3 март, но екипата на Пелистер е слободна, а Марковски ќе има повеќе време од останатите екипи за тактичка подготовка на екипата.

More from СпортMore posts in Спорт »