Како и најави нашиот сограѓанин Александар Димовски – Димса, победи синоќа во Базел, Швајцарија, против Кристоф Нади од Унгарија со одлука на судииите на Фајт најт во Кросхал.
По победата Димовски не го криеше задоволството и за битолањус, рече:
-Тешка борба со многу потежок и многу издржлив противник кој има континуитет на натпревари во профи рингот за разлика од мене со десет месеци пауза. Во натпеварот влегов нервозно, но полека се продолжив во мој стил. Тактика чекајќи повеќе шанси од контри, бидејќи бев подолг и повисо се покажа одлична, а мидл кикот со втората нога работеше и повеќе пати ја погоди целта. Имав и еден одличен удат удар кој не беше доволен за нокаут, но и победата на поени од судиите е одлична. Имав голема подршка од нашинците во Швајцарија и се чуствував како да се борам во Битола.
По победата на својата ФБ страница Димса им се обрати и на сите кои го поддржаа и веруваа во него.
-Дечки не знам од кај да почнам, на кој прв да му се заблагодарам за огромната поддршка што ја имав изминативе денови. Прво, фала на сите дома што ме испративте со еден куп позитивни пораки и енергија.
С.Р.






