Press "Enter" to skip to content

Несреќен пораз на ракометарките на Пелистер во Куманово во последните секунди

Куманово – Пелистер 28:27 (17:13)

Ракометарките на Пелистер на првото гостување оваа пролет, во рамките на женската супер ракометна лига, минимално со еден гол се поразени од домаќинот, екипата на Куманово со резултат 28:27, полувреме 17:13.

Екипата на Куманово имаше резултатска предност во текот на првото полувреме, но “пелистерки“ не дозволија тие да направат поголема разлика, но сепак на одмор имаа минус три гола. И во второто полувреме домашните ракометарки имаа предност, но во завршницата екипата на Пелистер се покажа во вистинско светло, па така во последните три-четири минути дојдоа на разлика од минус еден гол и изедначување.

-Во последната минута имавме нерешен резултат, но во последните десетина секунди примивме гол за водство на домаќинките, а потоа не успеавме да постигнеме гол за изедначување. Сакам да им честитам на ракометарките на Пелистер за играта во Куманово и сакам да нагласам дека тренерскиот тандем Викторија Мурговска и Борче Корлевски одлилно го водеа натпреварот, но сите можеме само да жалиме дека се вративме во Битола без барем еден бод, вели Јован Василев, претседател на ЖРК Пелистер.

Со победата над Пелистер, но и нерешениот резултат од натпреварот Металург – Вардар Јуниор, кој  му е во прилог на кумановки, екипата на Куманово му го зеде второто место на Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »