Press "Enter" to skip to content

Ѓуро Илиќ: новите тренери ќе донесат нов квалитет на аикидото кај нас

Во салата будо центарот во Битола, каде се наоѓа и седиштето на Аикидо федерацијата на Македонија, викендов се одржа семинар за добивање на тренерски лиценци.

Претседателот на аикидо федерацијата на Македонија, Ѓуро Илиќ за семинарот ни рече: -Како и секоја година, така и оваа, согласно планот за работа на аикидо федерацијата на Македонија, се одржа семинар, по кој кандидатите полагаа за тренерски лиценци за тренри по реален аикидо. На полагањето се јавија кандидати, сега веќе тренери, од повеќе градови од Македонија, односно од клубови кои се членки на аикидо федерација на Македонија.

На семинарот, а потоа и на полањето имаше 30 слушатели-кандидати, а тие работеа под раководство на претседателот на Федерацијата, Ѓуро Илиќ (7 дан), како и на мајсторите Дејан Чавкоски (5 дан) и Влатко Мишов (3 дан), а пред нив и полагаа за лиценци.

За квалитетот кој го покажаа кандидатите на семинарот и полагањето Илиќ додава:-Семинарот и полагањето се одржа согласно правилата на ВЦРА и АФМ, а сите кандидати ги имаа претходно совладано. Ние како трочлена комисија ги знаевме нивните квалитети од претходни семинари и секако од следење на нивната работа во клубовите. Од она што кандидатите го покажаа, мое мислење е, а тоа го делат и останатите членови на комисијата за полагање и членовите на раководството на Федерацијата кои беа во Битола, дека тие покажаа солиден квалитет, кој секако треба да се надоградува во иднина, аи самите треба да покажат поголема инвентивност. Со новите тренери клубовите и членовите ќе добијат квалитет во тренинзите, ќе применат нови техники, ќе покажат нешто ново на натпреварите кај нас и на меѓународните претставувања на Аикидо федерацијата на Македонија.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »