Пелистер Волеј – Планет 0:3 (19:25, 21:25, 16:25)
Одбојкарките на Пелистер Волеј во рамките на 10 коло од сениорска државна Лига на Македонија забележаа пораз од екипата на Планет. Во драматичен натпревар во кој до средината на сите три сета Пелистер Волеј имаше водство, на моменти и 7 разлика (17:10).
-Играта беше разновидна и неверојатна, сервис речиси без грешка, но не го издржавме психолошкиот притисок, а искуството на противникот допринесе за овај болен пораз. Во клучните моменти кога требаше да се привршат сетовите, неколку грешни приеми нанесоа голема несигурност, а тоа се повторуваше во сите три сета. Сепак прекрасен натпревар од кој има што да научиме, честитки за моќната екипа на Планет, но и за нашите девојки во кои безрезервно веруваме, ни рече Роберт Поповски, од Пелистер Волеј.
По поразот екипата на Пелистер Волеј веќе е насочена кон двете гостувања во купот и во првенството.
Младинките на Пелистер Волеј одиграа 1/8 финален бараж натпревар против екипата на УСК Валандовово кој победија со 3:0, по сетови 25:12; 25:22; 25:13, за време од 59 минути, со што се во 1/4 Финале. Ова беше сигурна победа во која Пелистер реши да ги одмара поискусните одбојкарки.
Пионерките на Пелистер Волеј го одиграа третиот турнир во А групата, а забележаа една победа и еден пораз. Пелистер Волеј – Наковски Волеј 1:2 (09:25; 25:23; 03:15) и Пелистер Волеј – Виктори Волеј 2:0 (25:08; 25:07). Пионерките со новите 3 бода се први во групата и го очекуваат противникот во 1/8 финале, а потоа и влез во завршницата (Ф4).






