Press "Enter" to skip to content

Горан Кузмановски ново засилување на РК Еурофарм Работник

Ракометниот клуб Еурофарм Работник денес ги заврши разговорите со Горан Кузманоски и тој го стави потписот на договор. Поранешниот репрезентативец Кузмановски потпиша договор до крајот на сезоната и за неколку дена ќе им се приклучи на клубот, а своето деби Кузманоски го очекува следната недела.

Кузмановски се одлучи да се врати во Македонија по неочекуваното згаснување на романски ракометен клуб Одорхеј за кој играше осум сезони, а таму беше капитен, играч и помошник тренер. Со Одорхеј тој го освои европскиот челенџ купот.

Горан Кузманоски е роден 1982 година, а во својата кариера освен за матичниот клуб Тутунски комбинат настапуваше и за Тутунски комбинат, Вардар Ватростална, Металург, Мадеира, Тинекс Пролет, Трелебор  и Одорхеи.

More from СпортMore posts in Спорт »